СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО ШТИП СЕ УШТЕ Е АЛАРАМНТНА

0
119

Не заврши ни вториот, а Штип веќе го погоди трет бран на корона вирусот. Бројката на нови случаи драматично порасна последнава недела. Во домашен карантин се 579 лица.

Надлежните велат бројките загрижуваат, но нови рестрикции нема иако вирусот освен во конфекциите влезе и во државни и општински институции.

Останува препораката да одат на одмор фирмите каде има регистрирано позитивни случаи. Засега нема да има нов скриниг на конфекциите иако наголем дел од заболените се текстилни работници.

Во текстилстилството во Штип, работат 7000 луѓе, па според штипскиот градоначалник тоа би бил сериозен предизвик, кој не носи никаква гранција за заштита од вирусот. Засега ќе се оди на поединечно тестирање, но во фабриките, според него, клучно е поставувањето на ковид координатори.

Добра вест е дека во однос на вчера се намалил бројот на хоспитализирани пациени на штипско инфективно. Таму сега се лекуваат 46 пациенти, но тоа може и да се измени во текот на денот со оглед на бројот на новозаразени.

Извор 24инфо