Филипче уверува дека и покрај одмрите има доволен број лекари

0
123

Користењето на летните одмори од страна на здравствениот персонал нема да влијае на третманот на лицата заразени со „Ковид 19“. Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека нема простор за загриженост бидејќи ситуацијата со вирусот е под контрола. Според него, одморите се организираат врз основа на прелиминарен план со кој ќе се обезбеди да има доволно персонал во секоја болница каде се лекуваат лицата со коронавирус.

Филипче потврдува дека имало случаи кога дел од здравствениот персонал пријавил лажни податоци за „Ковид 19“ за да искористат боледување.

Алсат контактираше и со неколку директори на болниците каде има лица заразени со Ковид 19. Директорот на болницата „8 септември“ во Скопје, Христијан Костов рече дека медицинскиот персонал ги користи одморите според одреден распоред и тоа во период од 14 дена.

Извор АлсатМ