ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ ПРОТИВ ИДЕЈАТА НА ДУИ ЗА Т.Н. АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА

0
143

Али Ахмети во обид тиранската, да ја замени со албанска платформа? Идејата на првa дочекана на нож.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива експресно ја отфрлија најновата идеја од Мала Речица за предлогот за т.н сеалбанско обединување преку 5 столба – бараат да нема распрскување на т.н. албански гласови на избори, но и и поддршка на „партијата што освоила најмногу пратеници на избори „во преговорите за Влада, без останатите да се обидат да стигнат до Илинденска.

Скендер Реџепи Зејд од партијата на Африм Гаши за тв 24 вели дека ДУИ најпрво треба да го признае изборниот фалсификат, за потао воопшто да може да стане збор за некакво како што вели седнување на маса. Им порачува на колегите од ДУИ дека во како што вели 5 те столба што ги предвиделе им недостига, 6-тиот.

На идентичнен став и од партијата на Зијадин Села. Од Алијанса за Албанците велат дека веќе постои декларација за соработка на партиите на Албанците, која ДУИ во изминатиов период ја игнорирала.

„Што не им текна на една ваква Платформа пред една, пет или десет години. Како е можно да заборават на декларацијата од 7 јануари 2017 години. Дуи веќе имаше политички инструмент како најголема партија на Албанците да ги консултира за важни прашања паралментраните партии на Албанците. Тоа не го стори ниту еднаш. Многу несериозна е ваквата понуда.“

Коалицскиот партнбер на Зоран Заев, Билал Касами пак воздржан. Од Беса за тв 24 велат дека немаат намера да коемнтирата идеи на невидено. Во оној момент кога ќе добиеме официјален документ, тогаш ќе го коментираме, велат од Беса.

Вицепремиерот заевроинтеграции воп змаинување и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вчера во писмена изјава за тв 21, ги откри 5-те главни столба за преговори со албанските партии.

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии.

По тиранската платформа во 2017-та, Ахмети постизборно се обиде да добие поддршка од партиите на Албанците за нивната идеја за албанец премиер, но тоа не се случи.

Извор Тв24