Time.mk беше цел на хакерски напад

0
146

Најпопуларниот македонски агрегатор за вести, time.mk, неколку часа не беше во функција во средата вечерта кога беа објавувани резултатите од предвренемите парламентарни избори и реакциите на партиите.

Претходно и веб страницата на Државната изборна комисија, како што рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски била цел на напад од надвор.

Кога ќе се отвореше интернет страницата на агрегаторот се појавува фотографија со анонимуси со знамето на Вергина и навреди кон сите партии.

Според неофицијални информации, станува збор за хакерски напад кој целосно го блокирал пристапот до вестите и информациите, што преку линковски врски ги има на агрегаторот.

Игор Трајковски, сопственикот на time.mk на неговиот твитер профил објави дека овој агрегатор на вести е под DDOS напад.