Анкета: Каталонците не сакаат независност Анкета: Каталонците не сакаат независност | opserver.mk

0
48

Анкетата е спроведена од 25 јуни до 21 јули, при што се испитани 2.000 жители на автономната покраина во североисточна Шпанија.. На прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава“ позитивно одговориле 42 проценти од испитаниците, што е помалку од јули 2017 година, како и од февруари годинава, кога 44,9 отсто се изјаснила „за“. Каталонската Влада во октомври 2017 година организираше референдум за независност и покрај забраната од Уставниот суд на Шпанија. Поради организирањето на референдумот девет каталонски политичари минатата година беа осудени на затворски казни од девет до 13 години. Регионалните избори во Каталонија би можеле да се одржат на есен или на зима, а трите партии кои се залагаат за независност во моментот имаат мнозинство во Парламентот во Барселона, 70 од вкупно 135. Места. Каталонија од 1978 година има свој Парламент, Влада, полиција, а каталонскиот е службен јазик. Шпанската централна Влада во Мадрид е задолжена за надворешната, одбранбената и фискалната политика.