Влада „Заев 2“ сè уште без промени во кабинетот – Јетон Шаќири потврди дека ќе биде именуван за министер

0
245

Идниот претседател на Владата, Зоран Заев, се уште не го сменил составот на кабинетот и покрај несогласувањата во партијата на Ахмети. ТВ21 дознава дека се уште нема промени во предлогот на министрите Албанци во новата влада. До утре се очекува да се знае датумот на кој ќе се гласаат новите пратеници и така ќе се одреди и датум за гласање на новиот владин кабинет. Инаку, ТВ21 контактираше и со предложениот министер за МИОА, Јетон Шаќири, кој потврди дека претседателот на ДУИ,Али Ахмети го предложил за оваа функција. Коалициските партнери очекуваат до крајот на неделава да се изгласа и да почне со работа Владата „Заев 2“.