МВР: За неносење заштитна маска се казнети 423 лица

0
96

Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрира 423 прекршувања на мерката за носење на заштитна маска.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата во насока на справување со Ковид-19.