Меѓу седуммината починати од Ковид-19 е и 27- годишно момче од Битола

0
135

Седуммина починати од компликации со корона, меѓу кои и 27-годишно момче од Битола на Инфективната клиника, регистрира Министерството за здравство во претходното деноноќие.

Од таму објаснуваат дека момчето како дете било лекувано од еден вид на леукемија која оставила тешки имунолошки оштетувања и тоа било причина за тешката ковид болест…

Меѓу починатите има и 41-годишна кичевчанка и 53 годишен жител на Македонски Брод..

Во последните 24 часа, регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 од направени 1621 тестирања. Најмногу во Скопје- 47, Куманово 17, Штип 16 и Дебар 10.. Регистрирани се и 144 оздравени пациенти, па во моментов активни се 3.700 лица.