Црна Гора го одложи почетокот на учебната година

0
110

Министерството за образование на Црна Гора го одложи почетокот на учебната година и отворањето на предучилишните установи до 1 октомври.

До тогаш , еден од родителите на деца под 11-годишна возраст ќе има право на платен одмор за да се грижи за децата.

Здравствените власти проценија дека редовниот почеток на учебната година на 1 септември „носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошка состојба која, иако е под контрола, сепак е сложена“, велат од владата.

Одлуката е донесена откако вчера Националното координативно тело за инфективни болести, на кое присуствуваше и премиерот Душко Марковиќ, истакна дека епидемиолошката состојба во Црна Гора се консолидирала.