Каков шок за тетовци: Шкендија нема да заработи речиси ни евро од гостувањето на Мурињои Тотенхем !!!

0
212

Спектакл за ништо, спектакл кој нема да и донесе на Шкендија речиси ниту едно евро. Е, ова е вистината за гостувањето на гигантот Тотенхем во Скопје следниот четврток. За разлика од некои кои смеаат дека Шкендија за ТВ правата за мечот со Тотенхем ќе заработела милиони евра, вистината е дека тетовци нема да заработат ништо, ни денар, ни евро.

Е, па, како тоа!?

Шкендија, која синоќа ги израдува сите вистински љубители на фудбалот во Македонија со пласманот во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, од финансиски аспект подобро ќе беше да гостуваше во Лондон, а не мечот на 24 септември да се игра во Скопје. Но, тоа е. Таква и била среќата…

Цаката е во тоа, ако може така да се изразиме, што УЕФА пред да почне новата квалификациска сезона во ЛШ и ЛЕ донесе ново правило во однос на ТВ правата. А во него стои дека гостинот, а не домаќинот, ги има тие ТВ права и со нив може да располага. Тоа значи дека за мечот Шкендија – Тотенхем ТВ правата ќе ги има во целост и тоа според новите корона правила на УЕФА, клубот од Лондон, а не Шкендија. Значи ако некој ги побара да плати за ТВ правата да кажеме милион евра, па и повеќе, тогаш тие пари одат во касата на Тотенхем, а не во касата на Шкендија како што беше досега пред УЕФА да го донесе ова правило. Ова се направи со цел со оглед на тоа дека се игра еден натпревар, како некоја компензација кон гостинот, да не се чувствува оштетен. Шкендија ги имаше ТВ правата за дуелите со Сумгаит и Ботошани, но заради неатрактивноста на противниците искрено и немаше кому да ги продаде. Единствено што може тетовци да заработат е од маркетингот, од продавање на билбордите покрај теренот за време на тв преносот, е од тоа Шкендија би можела да ќари нешто. Се разбира под услов ако има фирми од Македонија, но и од другите земји кои би посакале да се рекламираат за време на овој тв пренос.

Тоа значи дека Шкендија не само што ќе остане да кажеме без тие 300.000 евра од продажба на билетите, секако дека Арената поради атрактивноста на противникот ќе беше полна, тука ќе бидат Мурињо, Кејн, Деле Али, можеби Бејл, туку ќе остане и без тие најмалку 1.000.000 евра од ТВ правата.

Ќе и остане на Шкендија по се изгледа утехата дека и ова лето како во 2017 година кога го донесе Милан, дека успеала да ги доведе во Скопје еден Тотенхем, еден Мурињо. И дека тој ден, четврток, 24 септември 2020 година, цел фудбалски свет ќе слуша за Шкендија и за Мурињо. Тоа со пари секако дека не се купува, таква реклама со ништо не се купува.