Велосипедист се здоби со тешки повреди во собраќајка

0
150

Собраќајна незгода на ул. “Билбилкамен“ во Битола помеѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28 годишник од село Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од 53 годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.