Владата попушти пред барањата на средношколците

0
186

Владата попушти пред барањата на средношколците за старт на новата учебна година со комбинирана настава. За тоа како ќе почне учебната година Владата најверојатно ќе одлучува утре. Но, новата министерка за образование на две одделни средби со претставници на Сојузот на средношколци и Иницијативата на родители за првпат понудила комбиниран модел на наставата.

-На работниот состанок министерката посочи дека Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата. За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата. Царовска рече дека сепак во објектите коишто не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава, велат од МОН.