Средношколски протест: „Сакаме на училиште, НЕ сакаме само настава онлајн!

0
117

Стотина ученици излегоа на протест пред Министерството за образование и Владата, против одлуката наставата во новата учебна година да се одвива онлајн заради заштита од коронавирусот. За учениците тоа не е прифатливо и бараат комбинирана настава. Ако тоа власта не ги стори, тогаш ќе бојкотираат и протестираат.

„Владата смета дека е опасно да се отворат училиштата во време на пандемија, но за нив воопшто не е проблем што плажите се преполни, што кафулињата и рестораните се полни и не се почитува препорачаното растојание. Полни се и трговските центри, полни беа и плоштадите за време на изборната кампања…