Во Скопје 43 нови случаи со Ковид 19

0
136

Од почетокот на епидемијата во градот Скопје се регистрирани 6.097 случаи.

Најголем број активни случаи денеска има регистрирано во Аеродром – 109. Во Чаир се регистрирани 88, во Кисела Вода – 83, Гази Баба – 82, Карпош-81, Центар – 77, Бутел – 50, Ѓорче Петров – 44, Шуто Оризари 31, Студеничани 26, Сарај 22, Арачиново 15, Илинден 13, во Сопиште и Петровец по седум, Чучер Сандево три и во Зелениково две. Нераспределени се 13 случаи, а регистрирани се осум.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235. /МИА