Додека Нефи Усеини е во притвор, багери копаат за неговата бетонска база

0
105

Додека Нефи Усеини е во притвор, багери копаат за неговата бетоска база која тој самиот почна да ја руши пред два месеци. Жители на Охрид, но и невладината Охрид СОС на социјаните мрежи објавуваат слики и видеа од охридското крајбрежје на кои се гледа како механизација копа песок во близина на базата, а таму пак продолжува редовната работа. Од граѓанската иницијатива остро реагираат дека лицето кое им ја испратило снимката добивало и вербални закани од вработените кога се обидел да се доближи до ископот.

Според граѓанската иницијатива најавите дека советникот на ДУИ во општина Охрид сам почна да си ја руши дивоградбата уште во јули биле само политички предизборен маркетинг. Бараат итна реакција од новата Влада, а најавуваат дека со овој случај ќе ги запознаат и УНЕСКО и институциите на Европската унија.

И додека од Охрид СОС обвинуваат на овие снимки јасно се гледа дека багерите копаат да за ги наполнат силосите, од општина тврдат дека тие всушност се празнат за да се продолжи со рушење на дивоградбата.

Акцијата за отстранување на диво изградените објекти се одвива согласно веќе утврдената динамика. Што се однесува до отстранувањето на бетонската база, активностите ќе продолжат веднаш штом и последниот силос биде испразнат, па поради тоа се добива впечаток дека има застој во рушењето.

До сега се отстранети двата од трите силоси кои беа претходно испразнети, се вели во одоговорот кој го добивме од општина Охрид.

Извор Сител