Заев бара помош од Вартоломеј за признавање на МПЦ

0
109

Два дена по претседателот Пендаровски и премиерот Заев му испрати писмо на вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое побара уште еднаш да се заложи за признавање на автокефален статус на МПЦ-ОА со што би станала дел од заедницата на помесните православни цркви

Заев во писмото потсетува на нивната средба во Истанбул на која беше побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

– Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија, Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.