Маричиќ на Сител: Опозицијата и нејзиниот лидер немаат легитимитет да бараат правда

0
114

Опозицијата има право да протестира во секој момент и на секое место, но оваа опозиција и нејзиниот лидер немаат легитимитет да бараат правда, бидејќи се олицетворениe на неправда и на поранешното лице на таа партија, истакна новиот министер за правда Бојан Маричиќ за телевизија Сител.

Протестот е целосно промашен, јас сум за дијалог и би ја прашал опозицијата зошто не го поддржаа Законот за јавно обвинителство и цела серија закони за подобрување на правосудството, нагласи Маричиќ.