Министерство за земјоделие – некоректен ценовникот на винарија Тиквеш

0
143

Денеска е објавен ценовник од винаркста визба „Тиквеш“, кој е некоректен и спротивно од тоа што првично сме го договориле на состанокот со сите винарии, а на кој состанок учествуваше и претставник на винарската визба „Тиквеш“, напиша на својот ФБ профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ајранит Хоџа. – Од ова што првично сме договорени ние немаме намера да отстапиме, така да очекувам од винарската визба „Тиквеш“ да го повлече овој ценовник и да постапи според договореното на заедничкиот состанок, најави министерот Хоџа. Тој информира дека се договориле за девет денари за откуп за „смедеревка“ и 11 денари за „вранец“. – Од државата ќе се субвенционираат индивидуалните производители со дополнителни четири денари со што ќе ја постигнеме ланската цена, а со два денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје, објави министерот на својот ФБ. Тоа што плус се договоривме, пишува на својот ФБ министерот Хоџа, беше како да им помогнеме и на винарските визби во делот на извозот на наливно и флаширано вино, но остана само да ја утврдиме методологијата за субвенционирање на 30 проценти на транспортот на флаширано вино односно 20 проценти на транспортот на наливното вино. ев
Министерот Хоџа очекува ВВ „Тиквеш“ да го повлече ценовникот и да постапи согласно договорот