Ричард Гренел со американска делегација денеска во Приштина

0
128

Во рамки на турнејата во Косово, во Србија, во Грција и во Ерусалим, во Приштина денеска ќе пристигне владина делегација од САД предводена од Извршниот директор на Меѓународната корпорација за финансирање на развој (ДФЦ ), Адам Белер. Првата нивна средба, според најавите, ќе биде со косовскиот премиер Авдула Хоти.

Посетата е особено значење за Србија и за Косово, бидејќи дел од американската делегација ќе биде и специјалниот претставник во преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји, Ричард Гренел. Освен средба со Хоти, планирани се состаноци и со останати претставници на косовскиот политички врв, но и со лидери на приватниот сектор.

Во соопштението се наведува дека посетата на американската делегација доаѓа по „историскиот договор за воспоставување на дипломатски односи што на 15 септември во Вашингтон го потпишаа Израел, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, како и договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија што беше потпишан на 4 септември во Белата куќа“