Таравари: СДСМ молчи за каубоите на ДУИ

0
103

СДСМ молчи за каубоите на ДУИ и ги напаѓа општините предводени од Алијанса на Албанците, испраќајќи секој ден различни инспекции во Гостивар, Врапчиште и Боговиње, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Наместо Владата да ја пронајде вреќата „Боки 13“, од 1,5 милиони евра, да го реши случајот Маѓар Телеком, кој го донесе конечниот заклучок пред судот во Њујорк, случајот со Ден Дончев, каубоите на ДУИ кои пукаат на свадби, но ништо не е разјаснето од овие случаи“, изјави Таравари.

Тој нагласи дека тие не се против контролите на инспекторатите, но оти треба да одат и во општините со кои управува ДУИ, како што е Тетово и каде има над 500 вработени.

Таравари додаде дека не се плашат од владата на СДСМ-ДУИ и ќе им бидат трн во око.