Ахмети 8 часа испрашуван, сведочењето во Хаг продолжува денеска

0
187

Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина денеска, според практиката на Специјалното обвинителство на која се повикуваат косовските медиуми, би требало да продолжи распитот на претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој вчера над осум часа бил испрашуван од обвинители на Специјалниот суд во Хаг.

Ахмети кога ја доби поканата од Судот изјави дека бил повикан на распит во својство на сведок, како еден од членовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) уште од нејзиното основање и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Според Организацијата на ветерани на ОВК, над 250 поранешни припадници на ОВК биле сослушани пред Специјалното обвинителство во Хаг како осомничени или сведоци.