KСС: Во пензија да се оди три до пет години порано

0
161

Конфедерација на слободни синдикати КСС) во денешното соопштение го поздравува тоа што власта конечно прифатила некои нивни предлози и додава оти КСС се залага за намалување на старосната граница за пензионирање на од 59 до 61 година за мажи и од 57 до 59 за жени.

КСС смета дека со овој модел ќе се намали бројот на вработените во јавниот сектор.

„Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64 односно 62 години“, пишува о соопштението.

КСС бара и„ итно да се најде модел, решение и средства да се обештетат сите работници кои ја изгубиле својата работа по каква било основа, технолошки вишок, отказ на работно место, непродолжување на договор на определено време, непродолжување на договор преку агенција за вработување, принудно затворен бизнис поради уредбите од страна на Владата или пак работници од сивата економија, потребно е сите да бидат обештетени, бидејќи тоа се граѓани кои што овој момент немаат никакво примање, се наоѓаат во многу лоша состојба и не се во можност да ги платат своите режиски трошоци. Бараме од Владата овие работници да бидат ослободени од плаќање на режиски трошоци затоа што државата е сопственикот на ресурсите за струја и вода“.