Лансет ги објави резултатите од истражувањето на руската вакцина, Москва се радува

0
133

Резултатите од две испитувања, спроведени во јуни и јули годинава врз вкупно 76 учесници, покажале дека 100 проценти од учесниците развиле антитела кон новиот коронавирус и немаат сериозни несакани ефекти, пишува весникот.

Русија ја регистрираше вакцината во две фази за домашна употреба во август, прв пат во светот, пред објавувањето на какви било податоци за тоа и пред почетокот на масовното тестирање.

„Две испитувања на 42 дена, од кои секое имаше 38 здрави возрасни лица, не покажаа сериозни негативни ефекти кај учесниците и потврдија дека кандидатите за вакцини предизвикале производство на антитела“, пишува „Лансет“.

„Потребни се масовни, долгорочни испитувања, вклучувајќи споредба со плацебо групата и понатамошно следење за да се утврди долгорочната безбедност и ефикасност на вакцината против ковид-19“, се додава во написот.

„Со ова одговараме на сите западни прашања што беа правилно поставени во последните три недели, искрено, со очигледна цел да се фрли дамка врз руската вакцина“, рече Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, државниот инвестициски фонд кој го финансираше развојот на вакцините.

„Сега ќе започнеме да поставуваме прашања за некои вакцини од Западот.”, рече директорот на Фондот.

Првите резултати од масовното испитување на руската вакцина, кое започна минатата недела, се очекуваат во октомври или ноември. Ќе опфати 40.000 луѓе, а 3.000 веќе се пријавиле.

Коментирајќи ги резултатите од првите испитувања, водечкиот автор Наор Бар-Зеев, од Меѓународниот центар за пристап до вакцини на Универзитетот Џон Хопкинс, рече дека испитувањата биле „охрабрувачки, но мали“.

Бар-Зеев забележа дека „клиничката ефикасност на ниту една вакцина против ковид-19 сеуште не е докажана“.