Во врска со донацијата преку Фејсбук реагираше американската амбасада каде се наведува дека САД покажува дека испораката на респираторните машини од американско производство ја потврдува посветеноста на САД кон глобалните предизвици.
-Сојузниците на НАТО се обединети во борбата против Ковид-19. Испораката во Албанија на 60 респиратори произведени во Америка, од резервите на Алијансата, ја покажува посветеноста на Соединетите држави за нашата трансатлантска врска и вистинското обединување на НАТО против глобалните предизвици, пишува во објавата на американската амбасада