МОН со демант до средношколците – Платформата е целосно бесплатна

0
95

Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра.

МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици, се вели во демантот од МОН.