ВИДЕО: „Едно име имаме“ одекна до небото откако падна Косово во Скопје!

0
205

Репрезентацијата на Македонија е чекор поблизу до пласман на Европското првенство, а вечерва во Скопје ја оправда фаворитската улога и го исфрли Косово со триумф од 2-1. Сега, последна пречка до историски успех ќе биде Грузија во ноември.

Избраниците на Игор Ангеловски долго го очекуваа овој натпревар, кој по две одложувања конечно се одигра на Арената „Тодор Проески“. Вистинска штета е што немаше фанови на трибините, ама фудбалерите се погрижија да го надополнат отсуството на навивачите. По последниот судиски свиреж, момците на Ангеловски бурно ја прославија победата и силно одекна култната песна „Едно име имаме“, со која беше поздравен важниот триумф.

Радоста на фудбалерите на Македонија:

Македонија ќе гостува кај Грузија во Тбилиси во бараж пресметката за пласман на Европското првенство, средба која е закажана за 12 ноември.