Повторно истепани полицајци

0
204

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Во вторникот исто така околу 23 часот во Кочани, бил лишен од слобода А.С.(23) затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Вчера во 12:10 часот на местото викано „Компосара” на магистралниот пат Делчево – Штип, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(29) од Виница, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 12:20 часот на ул.„Цветан Димов” во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(22) од с.Студеничани, скопско.

При преземање мерки против него, Х.Ш. почнал да се однесува агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него исто така ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Утринава околу 03:00 часот на ул.„Благоја Паровиќ” во Скопје, Д.Ф.(31) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.