За само еден ден починаа четворица пациенти во велешката болница од КОВИД 19

0
74

Ноќеска се регистрирани три смртни случаи на лица позитивни на ковид-19, на Инфективното одделение од Велешката Болница, објави градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција. Вчера на пладне почина и 62-годишна жена од Велес, позитивна на ковид-19, која беше хоспитализирана на Инфективното одделение од Велешката болница. Со ова, досега има вкупно 20 починати од коронавирусот во Велешко.

„Двајца од починатите пациенти се на 62-годишна возраст, од машки и женски пол, двајцата се велешани и едно лице, маж на 69-годишна возраст од Свети Николе“ – кажа Коцевски.