ИЈЗ: МИНАТАТА НЕДЕЛА ИМАЛО 86.5% ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ВО ОДНОС НА НЕДЕЛАТА ПРЕТХОДНО

0
122

Во периодот од 5 октомври до 11 октомври забележано е зголемување на бројот на новодијагностицирани, како и на процентот на позитивни лица од тестираните на Ковид-19. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години, соопштува Министерството за здравство повикувајќи се на најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Како што покажува извештајот, од 13.028 тестирања дијагностицирани се 2.243 новозаболени од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86.5% во однос на неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.