Дали е европски да се скандира „УЧК“ на плоштад – прашува Мицкоски

0
66

Дали е европски да се скандира „УЧК“ на плоштад? Прашува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Тој вели дека СДСМ „не се огради од криминалот на ДУИ, ниту пак има намера, а од ДУИ го употребуваат наративот дека биле европска партија додека џебовите им се полни со европски пари“. Според Христијан Мицкоски, ДУИ додека се колнеле во ЕУ – ја купувале Соравија, додека зборат за правда – делат шамари во контролата на летање во Скопје. Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции.

Да ги прашам во ДУИ, затоа што и Ковачевски продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ – СДСМ?. Нивното однесување ја подрива европската идеја, тие стануваат минери на европската идеја во Македонија, народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција на ликовите какви што се Артан, Мерко и Талат“, истакна Мицкоски.