И во време на пандемија жителите на Луковица се без лекар каде во ова село не стапнал 20 години

0
101

Неасфалтираниот пат е единствената причина што ова село е заборавено и од медицинскиот кадар. До Луковица може да се пристигне само со џип, но и сега со ова тешко товарно возило тешко да се извози патот, кој е изроенет и во лоша состојба од врнежите оваа есен.

Поради ваквата состојба со патот мештаните се отселуваат. Не можат да се занимаваат со сточарска и земјоделска дејност која тука во ова ридско – планинско село им е единствената егзситенција. Ќе произведат и на крај нема како да го транспортираат произведеното.

-Жителите кои се тука опстануваат од тоа село. Се занимаваме со сточарство и земјоделство.  Ние мораме тука да останеме немаме друга егзистенција, ако треба да се отселиме нека ни кажат. Еве сега брат ми се отсели, затоа што детето нема каде да му учи. Тој не може да го носи во училиштето и никој не се нафаќа  да го носи. Што некој човек да ни се разболе, доктор во нашето село поради патот не е дојден веќе дваесет години. Не сме посетени ни од амбуланта, никој не е дојден. За било што е катастрофа. Најблиската амбуланта е Групчин и симптоми да има на корона не доаѓа Брза Помош. Лани требаше да се породи една жена не дојде амбуланта, па јас ја носев со Лада Нива.Барем да го посети некој од надлежните ова село, да види во какви услови живеат овие жители, истакна Борче Милошевски сточар кој во ова село одгледува 250 грла кози.

 

Велат дека постојано се обраќаат до надлежните, но бадијала. Од Желино општина под која припаѓа ова село, постојано добиваат одговри дека немаат пари, иако во другите села локалната самоуправа реализира разни проекти,