И покрај сите мерки вирусот се шири: 1.503 нови случаи во Словенија

0
87

И покрај полицискиот час и новите владини мерки, во Словенија е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирус- 1.503.

Во последните 24 часа се тестирани 5.891 лица, а од тој број 1.503 се позитивни.

„И покрај сите мерки, вирусот и понатаму брзо се шири во Словенија, а овие бројки се нов рекорд“, наведуваат медиумите.