Маж прегазен од автомобил во Скопје.

0
81

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во Скопје.

– На 21.10.2020 во 05:30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот М.С. удрило во 54-годишниот Т.Б. од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје – информира МВР.