Комисијата за заразни болести предлага од 22 до 5 часот да не работи ништо

0
142

Денеска не препорачуваме ништо, оставивме да видиме како ќе се движат бројките на новозараени и за време на викендот, но генерално разговаравме да предложиме до Владата мерка која ќе се однесува на работењето на сите угостителски објекти, маркети, сендвичарници, пекарници и така натаму. Нашиот предлог ќе биде од 23.00 до 05.00 часот ништо да не работи или тоа ќе биде дури и од 22.00 до 05.00 часот, но нема да има ограничување на движењето. Ако сака некој да си се шета, нека се шета во ноември, декември, но нема ништо да работи. Целта е да го намалиме групирањето во затворените објекти, каде што ризикот е многу поголем за ширење на заразата. Исто така ќе предложиме и рестрикции во однос на јавниот превоз, велат за фактор од Комисијата за заразни болести.