Милошоски: Заев оди во Софија да се договори дека Гоце Делчев бил Македонец во регионална смисла

0
68

Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија. Оваа информација од дипломатски извори во МНР ја oбјавува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук-профил.

-Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:
“Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.
(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)
Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софијa, истакна пратеникот на Милошовски на својот фејсбук профил