Пандемијата ја кочи работата на судовите, за онлајн судења треба да се променат законите

0
92

За да имаме онлајн судење мора да се променат законите и да се овозможат технички услови за тоа, кои нашиот суд воопшто ги нема, велат од оваа институција.

Лидија Илиевска судија во кривичниот одел во Основниот суд Тетово, вели дека процесните закони кои се системски закони, како за водење на граѓанска така и за кривична постапка, не предвидуваат онлајн судење, туку во тие закони е јасно наведено – судењата се вршат на усна главна и јавна расправа.

Од Тетовскиот суд, истакнаа дека кадар имаат доволно, но пандемијата ја кочи работата на оваа институција.

Процесите за голем дел од судските предмет последниве месеци се одолговлекуваат, поради се поголемиот број на заразени со Ковид- 19 на тетовското подрачје.

Основниот суд Тетово, е еден од поголемите во државата кој опслужува и пет рурални општини, каде моментално има и голем број на заразени, што дополнително ја отежнува работата на оваа институција.

Преземено од МТВ