Преполни Инфективните одделенија низ државата

0
75

15 заразени веќе се сместени во модуларната болница откако се пополнија капацитетите на скопската Инфективна клиника.

Во оваа болница можат да се сместат вкупно 71 пациент, вели директорката на Инфективна Милена Стевановиќ апелирајќи асимптоматските случаи да се лекуваат по препорака на матичните лекари.

Драстичниот раст на новозаболени во изминатиот период ги пополни болниците и во други градови во земјава. Нема веќе место за нови пациенти во Куманово, Штип и Струмица, а забрзано се полнат и инфективните одделенија во Кавадарци, Гостивар, Струга…

Токму од пополнувањето на сите болнички капацитети во земјава, порача министерот за здравство Венко Филипче, ќе зависи дали Комисијата за заразни болести ќе го направи и последниот чекор во мерките а тоа е повторното воведување на полициски час.

Растот на бројките на новозаразени во изминатиот период кога на дневно ниво неколку пати беа регистрирани и над 500 нови случаи покажа дека најголем дел од нив се млади на возраст помеѓу 20 и 30 години. Ова се совпаѓа и со периодот кога во јавност се споделуваа видеа од журки во ноќните клубови и семејни собири. На терен се и инспекторите кои најавија засилени контроли.

Во меѓувреме за неносење заштитни маски казнува и полицијата. Во изминатото деноноќие на територијата на целата земја се казнети 777 лица.

ПРЕЗЕМЕНО ОД КАНАЛ 5