Рекордно број заразени во Италија

0
139

Во Италија, во последните 24 часа, се регистрирани 2.548 случаи на коронавирус, што е прво дневно надминување на бројката од 2.000 новоинфицирани од крајот на април, објави Министерството за здравство. Од последниот пресек на состојбата во земјата починаа уште 24 пациенти.

Во Италија, која беше најзагрозената европска земја на почетокот на пандемијата, вкупно се заразени 317.409 лица од кои 35.918 починаа.