Бојкот на настава поради стари проблеми

0
91

40 ученици од Лешница – Желино ја бојкотираа наставата иако од МОН добиле одобрување за настава со физичко присуство. Родителите се револтирани поради тоа што училишниот објект е многу стар, изграден во 1976 година и според нив кровот на училиштето содржи канцероген материјал. Тие бараат да се изгради ново училиште.

„Ние побаравме да се држи настава, но не во ова училиште. Ние нема да ги пуштиме нашите деца на училиште, ние сме за бојкот бидејќи училиштето не ги исполнува условите за настава со физичко присуство. Не ги исполнуваме условите за онлајн настава бидејќи живееме од социјална помош, а треба да имаат лаптопи. Интернетот е многу слаб“