Словенија ги засилува мерките против Коронавирусот поради зголемениот број на позитивни случаи

0
83

Од денеска, во Словенија е на сила одлуката на владата да забрани собирање на повеќе од десет лица во јавни и приватни простории. Продавниците, јавните канцеларии, поштите и сличните институции мораат да обезбедат дека во исто време ќе нема повеќе од едно лице на 20 квадратни метри, воведени се ограничувања за работа на баровите и рестораните што ќе можат да ги опслужуваат гостите само на маси, со потребното растојание, додека приеми и банкети каде се служи храна и пијалок се забранети.

Како што изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс за Словенската телевизија, ако во следните неколку дена овие мерки не го дадат посакуваниот резултат и бројот на новозаразени опаѓа, тогаш владата ќе разгледа построги мерки и препораки, а можно е постепено да се затвораат фризерските салони и слични активности, како што беше случајот на пролет во првиот бран на епидемијата.