Во 8 септември нема повеќе место за позитивни пациенти

0
76

Во Ковид-центарот во Градската општа болница „8 Септември“, каде има капацитет за најмногу 50 пациенти, до утринава до 8 часот имало 42 хоспитализирани пациенти со ковид-19.

Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од ковид, но сè е пополнето. Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи изјавија од раководството на болницата