Сопружниците Трамп позитивни на Коронавирус

0
96

Близок соработничка на претседателот на САД се заразила од коронавирусот – и ги инфицирала Трамп и Првата дама. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател сега е во „процес на карантин“.
Хоуп Хикс е поранешна директорка за комуникации на Белата куќа и сè уште е една од најблиските соработници на американскиот претседател. Во вторникот, таа патуваше за Кливленд со претседателскиот авион, за да присуствува на ТВ-дуелот на Доналд Трамп со кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден.

Следниот ден таа отпатувала во Минесота на друг настап во изборната кампања. Таму не се чувствувала добро и била ставена во карантин уште за време на повратниот лет на претседателскиот авион.

31-годишната специјалистка за односи со јавноста исто така и приватно е многу блиска со семејството Трамп: Претседателот еднаш ја нарече негова „друга ќерка“.