Софија условува со „добрососедство“, Берлин очекува почеток на преговорите

0
100

Старо-нови предупредувања од официјална Софија во пресрет на одлуката за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, и инсистирање од Берлин дека земјата е подготвена.
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска повторно порача дека добрососедските односи се основен критериум за напредок и членство во ЕУ, дополнувајќи дека меѓу Софија и Скопје остануваат повеќе отворени историски прашања.
Предупредувајќи ги властите во Северна Македонија дека мораат да го почитуваат Договорот за пријателство потпишан во двете земји, Захариева рече дека очекува решение за историските прашања.
„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство- критериум за членство кој не е измислен од Бугарија, туку европски- и тој треба да се набљудува за време на целата преговарачка рамка“, изјави Захариева за бугарската БТВ.
Исполнувањето на Договорот, Захариева го врзува за продолжувањето на работата на мешовитата историска комисија, обвинувајќи го Скопје дека еднострано ја прекинало нејзината работа.