Царовка – Нема екскурзии, учениците на прошетка само до 5 килоемтри

0
91

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска изјави дека екскурзии оваа година нема да се организираат и дека во врска со тоа се испратени упатства од Бирото за развој на образованието.

„Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинва екскурзиите не се дозволени“, рече Царовска.