0
244

Наместо детски џагор и песни за првачињата, тишина во училишните дворови пред почетокот на првиот час.
Како во грч, со срамежлив чекор кон влезот, најмалите ученици во „Лазо Анѓеловски“ пристигнуваа по определени патеки за движење. Едно зад друго, на растојание, со маски на лицето и страв во очите, учениците до трето одделение чекаа ред за мерење температура и дезинфекција пред да го минат училишниот праг.

Годинава сè е различно, но децата сакаат да одат на училиште, возбудени се, велат родителите.

Неможноста да прегрнете детенце е можеби најтешкото нешто за наставниците, велат раководителите.

Учениците од повисоките одделенија, наставата засега ќе ја следат од дома, преку интернет.. Премиерот Заев, кој беше во посета на училиште во Карпош, вели дека Владата и сите инволвирани ќе направат напори за обезбедување на ИТ-уреди за учениците кои немаат комјутери дома.

Наставата, како и што се очекуваше, не започна секаде.. Во гевгелиско Миравци, родители и деца протестираа со барање да има настава со физичко присуство, а револтирани што истото не им е овозможено, он-лајн настава ја бојкотираа средношколците од дебарската гимназија „28 ноември“.Тие, за утре најавија и протест..