Андоновска: 1.071 каранфил за 1.071 починат од корона, болните не се само бројка

0
100

Со оставени 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од корона, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека тие починати не се само бројка, туку луѓе и човечки судбини кои одат на совест на Зоран Заев и на министерот за здравство Венко Филипче.

Затоа, од партијата побараа оставка од Венко Филипче, веднаш и сега.

Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемијата урива рекорди, затоа што сега болниците се полни, и затоа денес имаме 1.071 починат од корона. Филипче и Заев преставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Но, наместо разум Филипче покажа ароганција и надменост и сето тоа, за жал, на штета на граѓаните – истакна Марија Андоновска.