Ауди се заби во камион: Повредени четири лица, меѓу нив и малолетник

0
89

На 15.11.2020 во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило “ман“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари, битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани,кичевско, С.И.(47) од с.Гарани,кичевско и 16 годишен малолетник од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп.

За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.