Бројот на жртви од земјотресот во Турција се искачи на 100

0
65

Бројот на жртви од разорниот земјотрес кој во петокот ги погоди Турција и Грција порасна на 100.

Според најновиот извештај на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредна состојба, најголе број жртви, дури 98 се од Измир, додека две девојчиња загинаа на грчкиот остров Самос, пренесе Ројтерс.

Ова е најсмртоносниот земјотрес што се случил во Труција во последните десетина години.

Земјотресот со јачина од речиси седум степени по Рихтер кој во петокот го потресе егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, се почувствува до Атина и до Истанбул, а најмногу штета направи во измир.

По првиот земјотрес, следеа повеќе од 800 потреси.