ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се гуши, а Шилегов е задоволен со квалитетот на возудхот

0
77

4 години нема направено ништо. Градот секоја зима се гуши, а Шилегов нема одвоено денар за подобрување на квалитетот на возухот.

Скопје дише смрт затоа што Шилегов наместо за повеќе зелени површини парите ги фрли за скапи новогодишни прослави.

Скопје се гуши, затоа што парите за животна средина одат на сомнителни тендери.

Скопје е жртва на лагата на Шилегов кој пред 4 години вети чист воздух веднаш, а потоа ништо не направи.

Шилегов стоеше до Заев кога викаше Ајро Ајро, а сега и двајцата ги нема никаде. А тоа го забележува и ЕК во извештајот за Македонија, според кој, ниту Заев, ниту Шилегов направиле нешто за намалување на загадувањето, иако целата власт е во нивни раце.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје