Видео) Арсовски: Заев да каже што ѝ предложил на Бугарија и дали повторно ќе им забие нож во грбот на граѓаните

0
73

Зоран Заев е човекот шот ја обезличи Република Македонија и го обесчести македонскиот народ, единствено за свои лични интереси, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Наместо да молчи и да се однесува како кукавица, со што ќе се обиде повторно да им забие нож во грбот на граѓаните и да ги обезличи уште повеќе, нека се охрабри и нека говори јавно за целиот проблем, начинот и текот на преговарање со источниот сосед“, повика партискиот портпарол.